ПОВЕЌЕ

    Трендафилов: За првомајскиот протест има многу причини „за“, ниту една „против“

    Време зa читање: 2 минути

    Сите што му мислат добро на работникот треба да го поддржат и да излезат на првомајскиот протест, на кој ќе биде изразено незадоволството поттикнато од ниските плати, порача лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој ги повика на масовно присуство членовите на сите синдикални здруженија, работниците, граѓаните, борците и активистите за човекови права да се придружат кон протестот кој ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом. Има многу причини „за“, но ниту една „против“ излегувањето на протест на 1 Мај, нагласи синдикалниот водач.

    „Сите кои му мислат добро на работникот да ни се придружат на овој први мај и преку протест да изразиме работничко незадоволство поради тоа што платите во Македонија се мизерни, не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори, а Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку сто евра“, наведе Трендафилов.

    Освен тоа, додаде, многумина сѐ уште ги немаат примено платите за март, што е уште една причина заа протест. Освен на вработените во културата, според податоците со кои располага, мартовската плата не им е исплатена и на вработените во Министерството за економија и труд, во Државниот пазарен испекторат, во Државниот инспекторат за труд, во дел од Јавното обвинителство, во Водостопанство и во други институции од јавниот сектор.

    „Има многу причини ‘за’, но ниту една ‘против’ излегувањето на протест на 1 мај. Не е време за пиво и скара. Денес, за жал, огромен број работници во приватниот сектор немаат добиено плата за март како и огромен број институции во јавниот сектор. Колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме толку ќе добиеме и толку ќе добиеме, затоа што нѐ бројат и Владата и работодавачите. Работничката сила не само во ССМ, туку во сите поддржувачи на работичкото движење“. Затоа упатувам апел, поканата е отворена до сите кои сметаат дека треба да се приклучат на овој 1 мај и заедно да покажаме дека минималната плата во Македонија е мизерна, односно најниска во регионот“, истакна Трендафилов.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично