Со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија од 03.04.2025 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на м-р Димитри Трповски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 години, сметано од 21 април 2025 година.
Г-дин Трповски продолжува да ја врши функцијата член на Управниот одбор на Банката – Генерален директор за комерцијално банкарство, со посебен фокус на управувањето и координацијата со Секторот за комерцијално банкарство.
Во рамките на неговите надлежности, тој ќе продолжи да ги води стратегиите за финансиска поддршка на корпоративните клиенти и на физичките лица, управувањето со средствата и ликвидноста, развојот на иновативни банкарски производи и услуги, оптимизацијата на деловната мрежа, воведувањето иновативни канали на продажба и унапредувањето на услугите преку платниот промет во земјата и во странство, со цел зајакнување на конкурентската позиција на Банката и остварување долгорочен раст.
Трповски е дипломиран економист и магистер по финансии, со преку 18 години професионално искуство на различни раководни позиции во ТТК Банка АД Скопје.