Билјана Ивановска, поранешната претседателка на Антикорупциска, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ зборува за апсурдот дека институциите јасно ги знаат проблемите, но свесно не постапуваат. Таа вели дека стратегиите и плановите остануваат само на хартија.
„Мене уште повеќе ми е прашањето чудно, затоа што не го пишавме ние сами. Имавме интеракција од сите овие институција, Министерство за економија, Инспекциски совет, инспекциски служби, другите министерства, сите сектори што се вклучени во Стратегијата, над сто учесници имаш. Секој во својата област ги кажува проблемите, маките, мерките, активностите, како тоа да се надмине. Ние сами не им го натуривме тоа, некој не знае што им е проблемот. Не дека не знаат. Со нивна помош е сето ова искреирано за да биде разбирливо, применливо, пристапно за тие што треба да го… Во првата година имаше максимум до 20 % имплементација на активностите, после тоа се беше под 14 %, 10 %. За срамота. За зрамота. Тоа е целосна неодговорност.“
Следете не и притиснете „subscribe“ на каналот ПАРИ. Премиерите се секој четврток во 12.00 часот. Сите содржини се бесплатни, овозможени од нашите пријатели кои веруваат во важноста на јавната дебата и транспарентноста.