ПОВЕЌЕ

    Мухаммед Хаџипази именуван за извршен директор во Халк банка

    Време зa читање: 2 минути

    Мухаммед Хаџипази е назначен за извршен директор на Халк банка. Воедно е и член на Управниот одбор, под чија надлежност се секторите за операции, за кредитирање и за информациски системи.

    Хаџипази, кој дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ, а магистерските студии во областа на финансискиот менаџмент ги завршил на Економскиот институт – Скопје, зад себе има богато повеќегодишно професионално минато.

    Кариерата во Халк банка, од филијалата во Гостивар, ја започнува во 2007 година, како референт за кредитирање на населението. По само две години е именуван за директор на таа филијала, а веќе во 2010 е унапреден и ја добива директорската функција на Дирекцијата за мрежа на филијали и експозитури.

    Во неговата биографија е забележано дека следното кариерно скалило е директор на Дирекцијата за маркетинг и продажба на МСП (2012 година). А, пет години подоцна е унапреден на позицијата директор на Секторот за човечки ресурси, организација и обуки, одговорен за Дирекцијата за човечки ресурси и организација и за Дирекцијата за административни работи.

    Со новата организациона структура, лани во февруари е назначен за директор на Секторот за операции, под чија надлежност се пет дирекции: за платен промет во земјата/операции, за платен промет со странство, за кредитни и депозитни операции, за дигитално банкарство-операции и за операции со готовина.

    Исто така, дел од неговите професионални активности се и членувањата во повеќе комисии и одбори, во стопански комори и здруженија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично