Даруваната крв за некого значи надеж, шанса, спасен живот. Водејќи се од ова мото, вработени во Комерцијална банка уште еднаш ја покажаа својата хуманост и даруваа 52 единици крв.
На последната крводарителска акција нивната донација беше симбол на солидарноста, сочуството и на желбата да помогнат кога е најпотребно.
Комерцијална банка се гордее со своите вработени, кои редовно даруваат крв и остануваат доследни на своите хумани вредности, се грижат за заедницата и оставаат траен белег на добрина.
Комерцијална банка и Заводот за трансфузиологија им се заблагодаруваат на хуманоста.