ПОВЕЌЕ

    ПОЗИТИВА ОД 15,9 МИЛИОНИ ЕВРА – Февруари поволен за инвестициските фондови  

    Време зa читање: < 1 минутa

    Инвестициските фондови го завршиле февруари со позитива од 15,9 милиони евра. За речиси петпати или за 341,67 процент повисока од остварувањето во јануари. Во прилог на ваквииот резултат биле поволните движења кај приливите и одливите на средства.

    Во текот на вториот месец од годината, во отворените инвестициски фондови се слеале вкупно 38,1 милион евра. За 26,5 насто повеќе во споредба со јануари, кога беше забележан износ од 30,1 милион евра.

    Наспроти тоа, на страната на одливите има месечно намалување од 16,11 отсто и исплатени 22,2 милиони евра (26,5 милиони во јануари).

    На последниот ден од февруари, според податоците од Комисијата за хартии од вредност, нето-вредноста на отворените инвестициски фондови изнесувала 23,6 милијарди денари. Или 384 милиони евра, што претставува месечно зголемување од 4,81 процент.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично