ПОВЕЌЕ

    ГИ НАДМИНАА СИТЕ ПРОГНОЗИ: Приходите на Xiaomi во минатиот квартал скокнаа за 30,5%

    Време зa читање: 3 минути

    Xiaomi, компанија за потрошувачка електроника и паметни телефони и уреди поврзани со IoT, ги објави резултатите за трите месеци кои завршуваат на 30 септември 2024 година. Приходите за периодот достигнаа нов рекорд, означувајќи трет последователен квартал со силен раст. Во третиот квартал од 2024 година, приходите изнесуваат 92,5 милијарди јуани, што претставува раст од 30,5% на годишно ниво. Прилагодената нето добивка достигна 6,3 милијарди јуани, одржувајќи историски високо ниво.

    Стратегијата за премиумизација донесе значителен напредок, со бруто маржа од 20,4%. Трите основни деловни области на Xiaomi – паметни телефони, IoT и производи за начин на живот, и услуги на интернет – генерираа приходи од 47,5 милијарди јуани, 26,1 милијарди јуани и 8,5 милијарди јуани. Бизнисот, кој вклучува паметни електрични возила (ЕВ) и други нови иницијативи, донесе 9,7 милијарди јуани, приближувајќи се до значителен приход од 10 милијарди јуани. Овој раст го потврдува успехот на стратегијата на Xiaomi „Human x Car x Home“ како двигател на растот на Групацијата.

    Xiaomi испорача 43,1 милиони паметни телефони во третиот квартал, забележувајќи раст од 3,1% на годишно ниво. Според извештајот на Canalys, Xiaomi се рангираше меѓу првите три марки на паметни телефони на глобално ниво 17-ти последователен квартал со пазарен удел од 13,8%.

    Пазарниот удел на Xiaomi во Кина порасна трет последователен квартал, достигнувајќи 14,7%, додека приходите од паметните телефони изнесуваат 47,5 милијарди јуани, што е за 13,9% повеќе на годишно ниво. Серијата Xiaomi 15 надмина еден милион продадени единици, што е повеќе од претходната генерација, соборувајќи ги рекордите на продажба.

    Сегментите IoT и животниот стил бележат рекордни резултати
    Приходите од IoT сегментот беа 26,1 милијарди јуани, што е раст од 26,3% на годишно ниво, со рекордна бруто маржа од 20,8%. Продажбата на клима уреди е зголемена за 55%, додека фрижидерите и машините за перење бележат раст од над 20% и 50%.

    Приходите од продажба на паметни возила достигнаа 9,7 милијарди јуани, додека 100.000 возила беа испорачани во рамките на серијата Xiaomi SU7. Прототипот Xiaomi SU7 Ultra постави рекорд на патеката Нирбургринг, а резервациите на овој модел надминаа 3.680 единици во првите 10 минути.

    Трошоците за истражување и развој во третиот квартал се зголемија на 6 милијарди јуани, а Xiaomi сега поседува повеќе од 41.000 патенти на глобално ниво. Во октомври 2024 година беше лансиран HyperOS 2, кој обезбедува напредно искуство со вештачка интелигенција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично