ПОВЕЌЕ

    Сашко Спиров, Стамена Галева и Астрина Џафери од Халкбанк ги добија наградите за најдобри банкарски службеници за 2024 година

    Време зa читање: 3 минути

    По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2024 – Сашко Спиров, Стамена Галева и Астрина Џафери од Халкбанк за нивната посветена работа и остварени резултати.

    Сашко Спиров – постар референт за банкарски операции – филијала Св. Николе вели на порталот Пари дека најдобар службеник се станува со посветена работа со одговорност и љубов кон самата работа.

    Ни најмалку не е лесна работата со луѓе, но важни се луѓето. Банкарските службеници се лицето на банката и мора да бидат посветени и професионални во секој поглед. Наградата за најуспешен банкарски службеник за мене значи едно признание од Халкбанк за долгогодиншната успешна работа и посветеност. Наградата за мене и самата банка значи дека професионалноста на самите службеници, а со тоа и на Халкбанк е на високо ниво. Секогаш се стремиме за нешто подобро. Со посветеност и работа се станува број 1 не само на банкарски службеник туку и на Халкбанк како една од битните фактори во банкарскиот сектор во нашата држава. Допрва доаѓа времето на Халкбанк – објаснува Спиров.

    Стамена Галева – помлад референт за банкарски операции – филијала Струмица вели дека задоволството што секоја награда го носи е неспорно.

    Наградата доаѓа како потврда за успешноста на работата и валоризација на целиот труд кој го вложувате на професионален план каде работите, а клучот на успехот е токму силната мотивација, упорност и многу работа. Од друга страна нагрaдата е и поттик и во иднина да продолжите да се давате себеси, да се надградувате и да напредувате во кариерата – ни изјави Галева.

    Астрина Џафери – постар референт за банкарски операции – филијала Тетово низ разговор ни истакна дека изборот за најдобар банкарски службеник од Македонската Банкарска Асоцијација не претставува само личен успех, туку и признание за банката каде работи.

    За да се стане најдобар банкарски службеник, клучни се потребите и разбирањето  на клиентите, да се нуди креативно решение и да се гради доверба. Успехот не доаѓа сам, туку се гради на темелите на тимско работење и поддршка од колегите. Ова признание е резултат на мојата посветеност и упорност за професионален развој. Задоволство и голема одговорност е да ја претставувам банката на најдобар начин и да ги поттикнам и инспирирам и другите да се залагаат за професионализам и посветеност во работата. Честитки за сите колеги што добија признаниа, а на Макадонската Банкарска Асоцијација и се заблагодарувам за оваа награда – вели Џафери.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично