ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка наградена од Commerzbank AG Frankfurt за брзи и квалитетни меѓународни плаќања

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка повторно е добитник на наградата Commerzbank’s STP Excellence Award како признание за брзината и квалитетот на меѓународните комерцијални плаќања и трансфери на финансиски институции во 2023 година.

    Commerzbank со оваа награда ја потврдува одличната соработка и по четврти пат го признава извонредниот квалитет во директната обработка на плаќањата од Комерцијална банка.

    Наградата се доделува на ограничен број компании што нудат платежни услуги и кои испорачуваат високи стандарди во процесот на плаќања. Таа е уште една потврда за извонредноста на девизното работење во Комерцијална банка, кое на клиентите им обезбедува висок степен на ефикасност во меѓународните плаќања, а со тоа и заштеда на време и на трошоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично