За нов претседател на Здружението АЦИ Македонија е избрана Весна Трајковска, раководител на Одделението за FX тргување и пазар на пари во Комерцијална банка.
Благодарејќи на долгогодишното искуство во областа на тргувањето со девизни средства и нејзиниот придонес за развој и промовирање на еден од клучните финансиски пазарни сегменти во земјава, Трајковска е избрана за прв човек на АЦИ Македонија од страна на нејзините колеги од сите банки во земјава.
Комерцијална банка ѝ честита на изборот. И посакуваме на колешката Весна да остане посветена на својата активна улога, особено поради динамичните глобални финансиски пазари, и да придонесе за натамошен развој на Здружението.