ПОВЕЌЕ

    Доларот и натаму ослабнува

    Време зa читање: 2 минути

    На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,04 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,08 поени.

    Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 149,30 на 149,20 јени.

    Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0790 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0785 долари.

    Цените на нафтата, пак, загубија дел од минатонеделните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,34 отсто, на 81,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,36 отсто, на 75,55 долари.

    На азиските берзи утрово мирно се тргува, а прометот е слаб бидејќи многу пазари се затворени поради прославата на лунарната нова година, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна.

    На токиската берза индексот Никеи утрово порасна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија се лизнаа за 0,4 отсто.

    Повеќето други берзи во регионот, вклучително и оние во Кина, Тајван и Јужна Кореја, денеска се затворени поради прославата на Лунарната Нова година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично