На 30 и 31 јануари 2024 во Брисел во Европскиот парламент Мрежата ACRID, Мрежата за истражување, иновации и развој на здружени земји кандидати во партнерство со Форумот K4I, организира настан -,,Поддршка на зелена и дигитална трансформација” фокусирани на истражување и иновации ангажирајќи ги јавниот, приватниот и академскиот сектор.
Настанот ги истражува можностите на ЕУ достапни за земјите-пристапнички и кандидати со цел да ја зајакнат соработката за да ги подобрат нивните капацитети за иновации. Форумот е со фокус за зајакнување на конкурентноста на европската заедница за истражување и развој, особено во однос на целите на Европскиот зелен договор.
На панелот „Поддршка на двигателите на зелената и дигиталната транзиција“ говорник e Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. На панелот се претстави можноста и предностите за соработка помеѓу академскaтa заедница и потребите на индустријата,и инцијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии и можностите за соработка со бизнис секторот.
Целта е се подобри соработката меѓу академската заедница, приватниот сектор, јавниот сектор, надградувајќи ги вештините и градењето капацитети за зелена и дигитална транзиција преку можноста за вмрежување и идентификување на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување и развој со препораки за политики за да се олесни ефективната соработка, зголеменото финансирање и градењето капацитети должи целиот синџир на вредност на иновациите.
,,Со поширока вклученост на граѓанските организации и бизнис секторот Сојузот на стопански комори ќе делува за подобрување на градењето капацитети, трансфер на знаење, пристап до иновативни активности за зелена и дигитална транзиција и за побрз економски раст преку поттикнување на развојот на нови индустрии, технологии и стартапи.Се потенцираат можности за истражување и развој ,нагаласувајќи го значењето на заеднички иницијативи за истражување , развој и потенцијалот за пробивни иновации и напредок што произлегува од меѓусекторската соработка. Заедничките заложби можат да поддржат образовни програми кои го премостуваат јазот помеѓу академското учење и индустријата и иницијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии. Дополнително искусување на она што Европа може да им го понуди на земјите кандидати и придружните земји од перспектива на различни инструменти и програми и како овие земји можат да го поддржат зелениот договор на ЕУ и новата европска агенда за иновации,,истакна Ангелоски Сојузот на стопански комори интензивно работи заеднички со бизнис секторот и членките за вмрежување и идентификувaњe на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување ,инвестиции,развоj и иновации се со цел за подобра бизнис клима за компаниите.