Httpool на Aleph, екосистем на глобални дигитални експерти што поврзуваат илјадници огласувачи со милијарди корисници, има задоволство да ви соопшти дека е избран за претставник на Microsoft Advertising во 23 земји низ Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и други избрани европски пазари*, за да ги развие кампањите на Microsoft Advertising, преку search, audience и shopping продуктите.
Со овој договор, кој важи од 1 септември 2023, огласувачите и агенциите во регионот ќе можат да ги користат решенијата и искуствата на Httpool на Aleph, кои комбинираат рекламни решенија и увид на регионалните дигитални експерти, со цел развивање на рекламните кампањи на Microsoft. Оваа соработка му овозможува на Httpool на Aleph да им обезбеди на клиентите пристап до пребарувачката алатката (search engine) Bing на Microsoft, пребарување на Microsoft Advertising (Microsoft Advertising’s Search) и Мрежите на корисници (Audience Network), а отсега и на Microsoft Edge, креирајќи разновидни, висококвалитетни искуства, како за корисниците, така и за оние кои се рекламираат.
Microsoft е на врвот на иновативноста, вклучувајќи напредна AI технологија на својата рекламна платформа со цел да им обезбеди квалитет на корисниците на реклами.
Овој договор се надоврзува на веќе изградената и успешна врска во Јужна Америка и на Карибите, не вклучувајќи го Бразил, кој, годинава, почна малку порано. Со цел создавање на можности за раст на огласувачите, но и на агенциите низ целиот свет, Httpool на Aleph, исто така, вложи и во неговите продажни и оперативни тимови посветени на Microsoft, што на клиентите им обезбедуваат персонализиран увид во медија-планирањето, стратегија кон публиката и ефективна оптимизација на кампањи.
Httpool на Aleph ќе го понуди своето сеопфатно искуство и познавање на индустрија и платформата во ЦИЕ (Централна и Источна Европа) и останатиот дел на Европа со цел да овозможи креирање на влијателни локални кампањи од страна на огласувачите и агенциите.
Тоа, бездруго ќе ја олесни наплатата на локалните пазари на кои работи, преку плаќања во странство и други начини на плаќање на Aleph, со рационализација на операциите за огласувачите и агенциите.
На среден рок, Httpool на Aleph, планира да ги зголеми тимовите посветени на Microsoft во ЦИЕ (Централна и Источна Европа) и евентуално да направи нови можности во регионот, за поддршка на целосната стратегија за развој на Httpool на Aleph. Неговата соработка со Microsoft ќе го прошири портфолиото на Httpool на Aleph во Европа, создавајќи долготрајни можности за раст на компанијата, истовремено постигнувајќи значајни резултати за огласувачите и агенциите на платформата на Microsoft.
„Microsoft Advertising е почестен што се вклучува со Httpool на Aleph во услови на растечка продажба и маркетинг-соработка во Централна и Источна Европа и другите избрани европски пазари.
Httpool на Aleph носи исклучителна локална експертиза и менаџирање на односите што ќе им овозможат на огласувачите и агенциите комплетно да се поврзат со платформата на Microsoft Advertising, и да допрат до нашата уникатна растечка публика од над милијарда корисници на Windows, Bing, Bing Chat, Xbox, Outlook, Microsoft Start и нашата надворешна огласувачка мрежа.“ – изјави Mark Richardson, регионален заменик-претседател за Европа, Среден Исток, Африка и Јужна Америка на Microsoft Advertising.
„Среќни сме што ќе ја прошириме нашата врска со Microsoft Advertising и ќе им овозможиме на нашите клиенти во Централна и Источна Европа и другите избрани европски пазари да направат впечатливи кампањи преку користење на услугите и искуствата на понудата на Microsoft – вклучувајќи ги и иновациите на AI. Ова ќе создаде нови можности за нашите клиенти во регионот со што ќе ја продлабочат соработката со консументите и ќе овозможат поддршка во нивниот развој.“ – рече Јане Бајалџиев, управител на Httpool на Aleph во Македонија.
Откриј ги можностите: Microsoft Advertising те поврзува со повеќе од милијарда луѓе, во вистинските моменти во текот на работата и животот. Со повеќе од 13 милијарди пребарувања месечно, ефикасноста на Microsoft Advertising преку Windows и PC вклучува речиси 700 милиони PC пребарувачи месечно низ целиот свет, на 187 пазари. Во Европа, има околу 3.1 милијарда пребарувања месечно со 170 милиони PC корисници кои пребаруваат на 45 пазари.
Ако имате прашања или сакате директно да контактирате со Httpool на Aleph, Ве молиме пишете ни на следнава адреса: [email protected]
Комерцијална објава