ПОВЕЌЕ

    ММФ ЗА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: Зголемување од 10 проценти без последици по Буџетот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Веќе има простор во буџетот на централната влада да се приспособи за зголемување на масата за плати од близу 10 проценти, слично на проектираната стапка на инфлација за 2023, вклучително и усогласувањето на минималната плата оваа година, се вели во прелиминарните наоди на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која од петти до девети јуни престојуваше во Македонија.

    Според нив, разбирливо е што вработените во јавниот сектор бараат повисоки плати, поради тоа што растот на потрошувачките цени во последните години ја намали куповната моќ на домаќинствата.

    ИЗВРШИТЕЛИТЕ ЛАНИ НАПЛАТИЛЕ ДОЛГОВИ ОД НАД 145 МИЛИОНИ ЕВРА, цената за оваа услуга е профит од 4 милиони евра!

    Сепак, предупредуваат од ММФ, се што е над тоа би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, а исто така би ризикувало да ги истисне другите суштински трошоци.

    Исто така, посочуваат – големите зголемувања на платите би можеле да ја трансформираат  привремено високата во постојано висока инфлација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично