ПОВЕЌЕ

    НОВИ НЕВОЉИ НА МАСК СО ТВИТЕР, повторно го тужат за неплатени сметки и откази

    Време зa читање: 3 минути

    Група фирми кои извршувале услуги за Твитер поднела тужба против компанијата, предводена од милијардерот претприемач Илон Маск, тврдејќи дека платформата за социјалните медиуми не им платила десетици илјади долари неплатени сметки, пишуваат медиумите. Компаниите, вклучително и White Coat Captioning, YES Consulting, Cancomm и Dialogue Mexico, тврдеа во предложената колективна тужба дека Твитер им должи неподмирени сметки кои се движат од приближно 40.000 до 140.000 долари за услугите што ги давале, како што објави CNN.

    Тужбата е поднесена во северниот окружен суд во Калифорнија. Шенон Лис-Риордан, која претходно поднела повеќе колективни тужби и арбитражни барања во име на отпуштените работници на Твитер, изјавила дека „Маск им рекол на продавачите на Твитер дека, ако сакаат да добијат наплата, нека тужат“. Лис-Риордан нагласи дека бизнисите, како и вработените, не смеат да бидат ставени во позиција да прибегнуваат кон правни дејствија за да го добијат надоместокот што им следи, според извештајот во вторник.

    Покрај тужбата на коминтентите, Твитер се соочува и со правна постапка од отпуштени работници со договор кои тврдат дека треба да бидат третирани подеднакво како и редовните вработени.

    Во предложената колективна тужба се наведува дека Твитер отпуштил бројни работници без претходно известување во ноември. Истовремено, Твитер се соочува со тужба од сопственикот во Сан Франциско кој тврди дека компанијата пропуштила да плаќа кирија, заедно со неколку други тужби откако Маск ја презеде власта.

    Твитер беше тужен од работници со договор кои тврдат дека тие биле „контингентна работна сила“ со исти должности како и вработените и дека не требало да бидат отпуштени без известување кога Илон Маск ја презел компанијата.

    Колективната жалба поднесена во вторникот во федералниот суд во Сан Франциско е најновиот правен резултат од брзиот потег на Маск во ноември да елиминира повеќе од половина од бројот на вработени на Твитер веднаш откако тој ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

    Во меѓувреме, платформата за микроблогирање во понеделникот го промени своето лого на сина птица во мемето со куче, познато како Doge,инаку симбол на криптовалутата Dogecoin, што резултираше со голем пораст на цените на доџкоинот. Промената на логото доаѓа само неколку дена откако Маск поднесе петиција до судот во САД да ја отфрли тужбата против него од страна на инвеститорите на Dogecoin за 258 милијарди долари поради наводна пирамидална шема.

    Минатата година во јуни, тужителите тврдеа дека Маск од 2019 година знаел дека криптовалутата нема никаква вредност, но тој сепак го промовирал Dogecoin за да профитира од неговото тргување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично