ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      За поубави и повесели празници вработените на Комерцијална банка донираа новогодишни пакетчиња на 330 дечиња

      Време зa читање: 3 минути

      Старата година ја испраќаме исполнети со гордост за сѐ што постигнавме, а новата ја пречекуваме со желба да придонесеме и да помогнеме уште повеќе. На самиот крај од старата и пред почетокот на новата година нашата традиционална мисија е да ги наполниме детските срца со радост и да ги развеселиме нивните лица затоа што празниците секаде и секогаш се време за радување.

      Ние искрено веруваме дека празниците се поубави кога сме заедно! И затоа како вработени во Комерцијална банка и како хумани и дарежливи граѓани и оваа година се погриживме да донесеме радост за 330 дечиња, на кои им подаривме новогодишни пакетчиња. И им посакавме среќата, радоста, здравјето и насмевките да бидат нивно секојдневие.

      Банката и нејзината Синдикална организација ги донираа пакетчињата на училишта, здруженија и организации кои се грижат за деца, пред сѐ, од социјално ранливи категории. Пакетчињата од Комерцијална банка им донесоа празнична радост на дечињата од Здружението „Златни ангели“ – Совет на родители на деца и лица со церебрална парализа Скопје, Здружението за промоција на образование, животна средина на деца и лица со попреченост „Леон кидс плус“, Здружението САНО за помош на деца болни од канцер, Дневниот центар за лица со церебрална парализа – Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје – Дневен центар за лица со ментална и телесна попреченост и Дневен центар за деца со аутизам. Новогодишни пакетчиња поделивме и на учениците од основните училишта „Иднина“ и „Кикиш“ за деца со попреченост и од Интернатот за деца од социјално загрозени семејства – Љубанци при ООУ „Гоце Делчев”. Нашата новогодишна мисија им приредува особена радост на дечињата во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари во Скопје, на кои покрај пакетчињата, Комерцијална банка им донира и финансиски средства за набавка на храна и хигиенски средства.

      За дечињата на вработените, пак, Комерцијална банка организираше новогодишна претстава за да им ги развесели уште повеќе празничните денови.

      Децата ја заслужуваат најголемата среќа на светот, а Комерцијална банка помага за побезгрижен детски свет со целокупната своја општествено одговорна деловна стратегија. Остануваме посветени на нашата определба да придонесеме за похуман свет за сите затоа што полесно е заедно да стигнеме до целта.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично