Македонската музичка ризница е побогата за уште едно ремек дело поддржано од Комерцијална банка. Како општествено одговорна компанија и верен поддржувач на македонската музика, Комерцијална банка на свое огромно задоволство е Генерален покровител на новиот албум на Каролина, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, насловен „Песни за љубов и копнеж“.
Тројцата врвни музичари на свој виртуозен начин ѝ приредија на публиката ново доживување на македонската музика од 60-те и 70-те години. Албумот е компилација на преработки на музички изведби на врвни македонски музички имиња.
Со овој албум и со претстојните промотивни концерти во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Каролина, Дуке и Исмаил ќе донесат празнична магија и вистинско музичко уживање.
Комерцијална банка е почестена што даде свој придонес за остварување на овој музички перформанс, со кој останува со децении да живее квалитетната македонска музика.