ПОВЕЌЕ

    ТТК БАНКА УСПЕШНО ЈА ЗАВРШИ 2021: Какви се очекувањата на менаџментот за периодот што следи

    Време зa читање: 2 минути

    Сегашната клима сугерира дека и следната година ќе биде предизвикувачка и затоа Банката и понатаму внимателно ќе ги анализира тековните макроекономски параметри, ќе ги следи мерките, активностите и предвидувањата на економските авторитети и на носителите на економските политики и на операторите и ќе ги усогласува интерните индикатори и ќе го приспособува нејзиното работење на пазарните услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

    Банката ќе продолжи да дејствува проактивно, фокусирајќи се кон стабилно и профитабилно оперативно работење врз основа на реални и на предвидливи очекувања. Растот на кредитната активност се очекува да продолжи да се реализира преку работата со населението и со малите и средни претпријатија, паралелно со севкупното закрепнување на економската активност и на зголемената побарувачка за кредити. Притоа, Банката ќе ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица кои се најзасегнати од КОВИД-19 кризата.

    Креирањето одржливи и ефикасни процеси, реализацијата на планираниот обем на активности предвидени со деловната политика, понудата на нови производи приспособени на потребите на клиентите, натамошниот развој на дигитализација на процесите, надградбата на производите и услугите достапни преку дигиталните канали и потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе претставуваат основа на деловната стратегија на Банката за оваа 2022 година, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично