ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка од утре започнува со исплата на јануарските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 јануари (среда).

    Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26 јануари пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 јануари до 31 јануари и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

    • 26 јануари (среда) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
    • 27 јануари (четврток) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
    • 28 јануари (петок) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • 31 јануари (понеделник) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.1. – среда и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

    Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка, апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично