ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје со понуда за одложување на отплатите до 6 месеци

    Време зa читање: 3 минути

    Во услови на пандемија од невидени размери, како системска банка, Стопанска банка АД – Скопје им пристапува на своите клиенти правни и физички лица, а со тоа и на севкупната економија, со понуда која помага да се надминат финансиските ефекти од корона-кризата.
    Понудата е валидна за физички лица кои одржуваат постојана деловни односи со Банката.

    Клиените физички лица, со понудата добиваат 6 месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29.02.2020 по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30.09.2020г.

    Во врска со корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

    Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.

    Ги повикуваме сите наши клиенти детално да ја проучат понудата објавена на нашата веб страница и да постапат согласно дадените насоки. Клиентите кои ја прифаќаат понудата НЕ ТРЕБА ДА се обратат до Банката а доколку клиентите не сакаат да ја прифатат понудата потребно е да се обратат до Банката најдоцна до 10.04.2020 до 23:59часот преку [email protected]

    Oвие мерки се од големо значење и се однесуваат на клиентите кои најсилно ги чувствуваат ефектите од кризата. Оттука, Банката апелира клиентите кои ќе продолжат да бидат во можност да ги отплаќаат своите месечни обврски, така и да постапат. Со тоа всушност помагаат, економските мерки од сите банки и од државата да имаат ефект за погодените субјекти, и дотолку повеќе, помагаат за побрзо опоравување на економијата по кризата.

    Понудата значително им помага на нашите клиенти во претстојниот период, и со тоа Банката и помага на заедницата да ги фокусира своите напори на она за што заедно се бориме – надминување на епидемијата со COVID – 19, затшита на нашето здравје и животот.
    Како банка со 75 години успешна традиција, нашата мисија е да бидеме дел од заедницата и да создаваме подобра иднина заедно, а во моментов нашата иднина налага зголемена емпатија, разбирање и почитување.
    Од финансиски аспект, Банката е подготвена да ги апсорбира ефектите од економските мерки и да го надмине 6 месечниот период, но и се подготвува по надминување на пандемијата, Банката уште еднаш да застане покрај стопанствениците и населението со современи банкарски услуги и производи.
    Веруваме дека ќе го пребродиме овој период заедно и следејќи ги мерките за заштита, нашата заедница ќе излезе поискусна за уште една победа, и Банката ќе остане, како и секогаш, на ваша страна.

    Стопанска банка АД – Скопје
    На ваша страна

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично