ПОВЕЌЕ

    Полесен пристап до финансии за енергетски ефикасни компании обезбедија Комерцијална банка и СКСЗМ

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка и Стопанската комора на северозападна Македонија потпишаа Меморандум за соработка, кој ќе им го олесни пристапот на компаниите-членки на СКСЗМ до финансиски средства за реализација на инвестиции во проекти за подобрување на енергетската ефикасност.

    Меморандумот во име на Комерцијална банка го потпишаа д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор, и Билјана Максимовска-Поповиќ, Главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор, а во име на Комората беше потпишан од Дурим Зекири, Извршен директор на СКСЗМ.

    Оваа соработка ќе им обезбеди на компаниите-членки на СКСЗМ олеснет пристап и атрактивни финансиски решенија за трансформација и јакнење на нивните бизниси преку вложувања во енергетска ефикасност.

    „Зелените“ финансиски решенија на Комерцијална банка за микро, мали и средни претпријатија вклучуваат финансиска поддршка и корисни совети и информации за расположивите можности за поефикасна реализација на планираните вложувања во енергетски ефикасни бизниси.

    Оваа соработка се спроведува во рамките на Проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, поддржан од USAID North Macedonia, а имплементиран од „Консалтинг за стратешки развој“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично