ПОВЕЌЕ

    Компанијата-мајка на Гугл има најдолг период на раст на вредноста на акциите од 2009 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Алфабет или поточно компанија препознатлива како мајка на Гугл, , ќе го забележи најдолгиот период на раст на цената на акциите од 2009 година, пред се поради зголемен раст на приходите од реклама.

    Вредноста на акциите порасна за 0,4 отсто до 2.891 американски долари, највисока вредност досега. Така, вкупниот раст на акциите за август надмина 7 проценти. Алфабет ќе запише осми месец по ред раст на акциите – најдолг раст во последните 12 години.

    Најновото зголемување на вредноста на акциите донесе 65 отсто поврат за 2021 година, што ја става компанијата пред другите технолошки лидери. По последното зголемување на цената, капитализацијата на Алфабет се приближува до два трилиони долари и само Епл и Мајкрософт се поскапи од неа.

    Матичната компанија на Гугл успеа да го искористи закрепнувањето на пазарот за дигитални реклами. Во текот на минатиот месец, објави подобри резултати од очекуваните за вториот квартал од 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично