ПОВЕЌЕ

    Комисијата за хартии од вредност и Државната комисијата за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за соработка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со цел промовирање на соработката и размена на искуства и експертиза од областа на спречување на корупција и судир на интереси и јакнење на интегритетот во согласност на законски утврдените надлежности, Комисијата за хартии од вредност и Државната комисијата за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за соработка.

    Меморандумот го потпишаа Претседателката на Комисијата за хартии од вредност М-р Нора Алити и Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

    Со Меморандумот е предвидено овозможување на взаемна стручна помош и стручна консултација за прашања од интерес на предметната област, размена на искуства, размена на податоци и информации, организирање на заеднички обуки, организирање на работни средби, како и други форми на соработка за прашања од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности на двете институции.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично