ПОВЕЌЕ

    Експозитурата на Комерцијална банка во Неготино целосно модернизирана и дигитализирана

    Време зa читање: 2 минути

    Отворена е целосно модернизираната и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во Неготино. Со тоа, корисниците на услугите од овој град добиваат брзи и ефикасни банкарски трансакции, достапни во секое време.

    Дигиталниот дел се состои од банкомат за уплата и за подигнување готовина, како и со дигитален киоск за плаќање сметки од ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел. За сето тоа не се наплатува провизија, а трансакциите може да се вршат со картичка од која билодруга банка.

    Има можност на дигиталниот киоск да се испечати извод од платежна сметка, за која лицето имате претплата на Интернет банка.

    Инаку, дигиталната зона е деноноќно во функција, а услугите се  можни со сите банкарски картички.

    Вообичаено, за клиентите на банката шалтерите во експозитурата се отворени од понеделник до петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот. Тука се врши отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење, се добиваат информации за понудата на кредити, штедни влогови, купување удели во инвестициски фондови, купување осигурителни полиси. За фирмите и претпријатијата во експозитурата се нудат решенија за задоволување на нивните финансиски и бизнис потреби.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично