ПОВЕЌЕ

    Глигорова: Банките треба да развиваат ESG-производи за поголема конкурентност на компаниите

    Време зa читање: 2 минути

    Директорката на Секторот за супервизија во Народната банка, Викторија Глигорова, учествуваше на бизнис-форумот на високо ниво „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, каде што го модерираше панелот „Пристап до одржливо финансирање и инвестиции поврзани со ESG“.

    Како што соопшти Народната банка, Глигорова истакнала дека централната банка преку воспоставување соодветна регулаторна и супервизорска рамка придонесува за развојот на одржливото финансирање и ги поттикнува банките да развиваат финансиски производи што ќе ја поддржат зелената транзиција и долгорочната конкурентност на компаниите.

    На панел-дискусијата учествувале претставници на банки, финансиски институции и на Македонската берза, кои разговарале за можностите што им стојат на располагање на компаниите за пристап до одржливо финансирање.

    Бизнис-форумот бил организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора на Северна Македонија и Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации, со цел поттикнување на конкурентноста и долгорочниот економски развој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично