
Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Благица Петрески од Finance Think анализира како глобалните економски шокови се одразуваат врз Европската Унија. Таа посочува дека и покрај тоа што ревизијата на растот изгледа мала во процентуална смисла, последиците се сериозни. Особено загрижува фактот што германската економија забавува повеќе од просекот на Унијата. Во исто време, растот на цените на енергенсите и падот на приватната потрошувачка дополнително го притискаат економскиот циклус. Сето тоа создава ризик од подолгорочно забавување кое директно ќе се почувствува и во Македонија.
„Сега имаме надолна ревизија на проектираниот раст, па така иако во релативна бројка оваа ревизија е мала, за 0,2 процентни поени и растот е 1,1 процент во 2026 година од претходно 1,3 проценти, тоа значи сепак сериозен удар за Европската Унија. Оно што и вие го споменавте, на пример, германската економија, ревизијата е поголема во однос на овие 0,2 процентни поени. Кај германската економија ревизијата е надолна за 0,3 процентни поени, што значи дека германската економија се очекува да забави повеќе во однос на она што вкупната Европска Унија ќе забави и тоа е значајно. Зошто? Затоа што Европската Унија е увозник на енергенси, глобалните случувања, неповолни случаја на пазарот на енергенси ќе ја погодат Европската Унија, тоа е едниот аспект. Вториот аспект, веќе се забележуваат сигнали на забавување на приватната потрошувачка, а тоа се неповолни сигнали за вкупните инвестициски намери за инвестирање. Така што овие случувања од неколку аспекти ја погодуваат Европската Унија.“
Аналитика








