ПОВЕЌЕ

    РАСТ НА ПРОМЕТ И ТРАНСАКЦИИ: Акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол свртеа 7.5 милиони евра на берза во февруари

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 28.02.2022 година вкупниот промет изнесувал 1.067.207.423 денари и е зголемен за 18,35% отсто во однос на претходниот месец, кога тој изнесувал 901.761.990 денари.

    Класичното тргување изнесувало 589.361.057 денари и е намалено за 15,59 отсто кога изнесувало 698.220.800 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 569.883.274 денари и обврзници во вредност од 19.477.783 денари.

    Блок трансакциите во февруари изнесувале 409.486.366 денари и забележуваат раст од 101,18 отсто во однос на јануари кога тие изнесувале 203.541.190 денари.

    Бројот на трансакции во февруари изнесувале 2.237 и е зголемен за 18,79 отсто во однос на јануари, кога бројот на трансакции изнесувал 1 879.

    На пиадесталот најтргувани акции на официјалниот пазар во февруари месец повторно се акциите на Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 25.699 акции, бројка која и месецов ја позиционира – најтргувана акција, со просечна цена од 12.394,67 денари и остварен е промет од 318.530.672 денари или 5.162.974 евра. Акциите на македонскиот фармцевтски гигант Алкалоид АД Скопје се позиционираа на второто место каде количински се истргувани 5.882 акции по просечна цена од 18.108,24 денари и се свртеле 1.726.436 евра или 106.512.658 денари. Во февруари месец, на третото место се искачи  Макпетрол Скопје кој ги запиша следниве бројки: истргувани 493 акции по просечна цена од 76.140,42 денари каде реализиран е промет од 37.537.229 денари или 608.432 евра.

    Најголем раст на акцијата во февруари запиша Цементарница УСЈЕ Скопје од 13,65 отсто каде просечната цена на 28.02.2022 година изнесуваше 39.900,00 денари. Во листата на акции со најглем пораст се впишаа и Макошпед Скопје, Пекабеско Скопје, Аутомакедонија Скопје, и Адинг Скопје

    Сковин Скопје, Макпетрол Скопје, Гранит Скопје, Реплек Скопје и Алкалоид Скопје ја предводат петорката на компании чии акции забележаа најголем пад во месец февруари 2022.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично