
Европската Унија веќе воведе механизми за филтрирање на ризични странски инвестиции, а Македонија подготвува закон за скрининг на странски директни инвестиции. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Анамарија Велиновска од Институтот за демократија објаснува дека целта не е да се бркаат инвеститорите, туку да се заштитат стратешките сектори како енергетика, медиуми, инфраструктура и одбрана. Таа открива дека само 1% од инвестициите во ЕУ добиваат негативна препорака, но предупредува дека најголемиот ризик е ако механизмот се корумпира или остане само на хартија. Прашањето е дали Македонија има капацитет и политичка волја навистина да се заштити од корозивен капитал.
„ Само 1% од инвестициите во Европската Унија, само за 1% е дадено негативно мислење дека не треба да влезат во Европската Унија. На крајот, сепак, одлуката не може да биде на тоа тело кое што ќе се направи. Сепак, ќе станува збор за политичка одлука и така е во скоро сите европски земји. Одлуката е од политичка природа.
Дали се надзира во Македонија кои сектори би биле заштитени? Односно, би се биле под скрининг за влез во Македонија? Бидејќи рековме не може сите инвестиции, не сите сектори, но дали се надзира или се знае, веќе дали е јасно, кои сектори би биле?
Се надзира, би биле јасни кога ќе го видиме законот јавно достапен. Меѓутоа, се што е она од критична инфраструктура, потоа медиуми, дуал јуз, одбрана, тоа се некои критични сектори кои што би требало инвестициите да бидат филтрирани или барам да им се даде на тие инвеститори некои дополнителни критериуми или дополнителни проверки.“
Аналитика








