
Тимот на Шпаркасе Банка освои трето место во вкупниот пласман на Банкарските спортски игри што се одржаа во Охрид, во организација на СФОМ, освојувајќи вкупно осум пехари во повеќе спортски дисциплини.

Од банката информираат дека нивните вработени забележале успеси во повеќе категории, при што први места освоиле во фудбал во машка конкуренција, женски баскет, пикадо кај мажите и тенис кај жените.

Дополнително, тимот на Шпаркасе Банка освои и три бронзени пласмани – во машки тенис, трчање во микс категорија и серва кај мажите.
Посебно признание доби и колешката Сања Јаневска, која постигна најдобар резултат во дисциплината тројки во баскет.

Од Шпаркасе Банка велат дека зад освоените медали и пехари стои силен тимски дух, меѓусебна поддршка и заедништво.

„Овие спортски игри повторно нè потсетија дека кога сме обединети, кога играме со срце и кога веруваме еден во друг — резултатите доаѓаат природно“, посочуваат од банката.

Банкарските спортски игри традиционално ги собираат компаниите од финансискиот сектор, со цел преку спорт и дружење да се зајакнат тимската култура, корпоративната поврзаност и спортскиот дух меѓу вработените.

Аналитика








