ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје со повеќе медали и фер-плеј признание на Банкарските игри

    Време зa читање: 2 минути

    Тимот на Стопанска банка Скопје и оваа година успешно настапи на Банкарските спортски игри што викендов се одржаа во Охрид, освојувајќи повеќе медали во различни дисциплини и едно посебно признание за фер-плеј.

    Од банката информираат дека нивните вработени освоиле две први места – во кошарка во машка конкуренција и во стрелаштво кај жените.

    Дополнително, тимот на Стопанска банка Скопје освои и две сребрени медали, во пинг-понг и тенис во женска конкуренција, како и бронзен медал во женска одбојка.

    Посебно признание доби и вработениот Петар Велинов, кој беше избран за фер-плеј играч на Банкарските игри.

    „Неговиот пример ја отсликува вистинската вредност на спортот – чесност, почит и достоинство“, велат од Стопанска банка Скопје.

    Од банката посочуваат дека спортските активности имаат важна улога во градењето тимска култура, меѓусебна поддршка и заеднички успех, потенцирајќи дека токму таквиот дух го карактеризира нивниот тим.

    Банкарските спортски игри традиционално обединуваат вработени од финансискиот сектор, кои преку натпреварување и дружење го промовираат спортскиот дух, тимската работа и корпоративното заедништво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично