ПОВЕЌЕ

    Даринка Дамјановиќ останува на чело на ЦДХВ, КХВ одобри уште две директорски именувања

    Време зa читање: 2 минути

    Со Централниот депозитар за хартии од вредност и во наредните четири години ќе раководи Даринка Дамјановиќ. Согласноста за реименување ја доби од од Комисијата за хартии од вредност, од каде што одобрение за именување извршни директори им е дадено на уште два овластени учесници на пазарот на капитал.

    „Даринка Дамјановиќ доби согласност од КХВ повторно да биде именувана за извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Во согласност со Одлуката на Собранието на акционери и Одлуката на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност, мандатот трае четири години. Даринка Дамјановиќ е вработена во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје континуирано од 2002 година, а од јули 2017 година ја извршува функцијата извршен директор, се наведува во известувањето на КХВ објавено по одржувањето на денешната седница.

    Четиригодишен мандат ѝ доверен и на Менче Додевска. Во тој период, како извршна директорка ќе го предводи Опфолио Инвестиции – друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови.

    За извршна директорка на ВФП Фонд Менаџмент ќе биде именувана Ивана Ташковска. Функцијата ќе ја извршува во наредните пет години.

    „Менче Додевска доби согласност да биде именувана за извршен директор на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ОПФОЛИО Инвестиции АД Скопје. Во согласност со одлуките на органите на Друштвото, нејзиниот мандат е со траење од четири години.

    Согласност од КХВ доби и Ивана Ташковска, која треба да биде именувана за извршен директор на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје со мандат од пет години“, информираат од Комисијата за хартии од вредност.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично