ПОВЕЌЕ

    Само 1 од 10 работници се бори за повисока плата – каде е проблемот?

    Време зa читање: 2 минути

    Иако голем дел од работниците се жалат на ниски плати и лоши работни услови, многу малку од нив се синдикално организирани. Ова создава сериозен дисбаланс во преговарачката моќ помеѓу работниците и работодавачите. Според ССМ, токму таму каде што има организираност, платите растат и правата се заштитуваат. Но, мнозинството работници се приклучуваат на синдикатот дури кога проблемите веќе ескалираат. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, објаснува зошто системот не функционира и зошто е слаб одзивот на работниците.

    „Тоа што е катастрофално ќе кажам, е тоа што само 1 на 10 работници вкупно во Македонија се бори за зголемување на работничките плати, и во јавниот и во приватниот сектор. Зашто го велам ова? Ако имаме некаде 700.000 по статистика, иако Управата за јавни приходи покажува друга бројка, 70.000 членови брои Сојузот на синдикатите на Македонија, тоа значи 1 на 10 се залага за потпишување на колективни договори, за зголемување на минималната плата, за зголемување на останатите плати. Во приватниот сектор, кога зборуваме конкретно за приватниот сектор, онаму када што сме синдикално организирани, уште во месец јануари се зголемија платите по пат на колективни договарања во 80-85% од случаите. Работниците, како да не сакаат да се зголемат нивните плати во приватниот сектор, а гледаат каков е односот кон работниците во приватниот сектор кои се синдикално организирани.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично