ПОВЕЌЕ

    НАШЛА КРЕДИТНА КАРТИЧКА И НЕ ЈА ВРАТИЛА! Одела во шопинг – потрошила 220 евра и заработи кривична пријава!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ако најдете кредитна картичка, тогаш за ваша безбедност не ја активирајте! Експертите советуваат во случај на такво неочекувано откритие, најдобро е да ја контактирате банката користејќи го бесплатниот телефонски број наведен на задната страна од картичката и да кажете што се случило.

    Но во Кавадарци, не постапиле така.. и затоа СВР Велес денес поднесе кривична против А.М.(36) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

    Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 11 ноември во продажен објект во Кавадарци, пријавената пронашла кредитна картичка од банка, сопственост на А.М. и без нејзина согласност во повеќе наврати извршила наплати во повеќе продажни објекти во Кавадарци. Притоа, пријавената, се стекнала со противправна имотна корист од 13.800 денари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично