Економски раст од 3,2 проценти прогнозира Светска банка за Македонија. Проекцијата во октомврискиот извештај е подобра од претходната за очекуван раст од 2,9 проценти за 2026 година.
Растот ќе се базира главно на инвестициите во инфраструктурата. Според Светска банка, економскиот раст би требало да се одржи на 3 проценти и во 2027 и во 2028 година.
Очекувањата за растот на економиите во земјите од Западен Балкан се движат од 3,1 процент во 2026 година до 3,4 проценти во нередните две години.
Аналитика








