
Што ќе се случи ако компаниите го врзат своето работење за вештачка интелигенција (ВИ), а услугите што ги користат потоа поскапат? Во „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Филип Петровски предупредува на зависноста од туѓа технологија и од цени врз кои немаме влијание. Неговото очекување е дека цените на ВИ услугите ќе растат, освен ако технолошкиот напредок и поефикасните машини не ги намалат трошоците. Затоа ја отвора и потребата од сопствени или регионални податочни (дата) капацитети. Колку сме подготвени за моментот кога алатката ќе стане неопходна за бизнисот, а сметката за неа ќе ја одредува некој друг?
Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS
Горан Теменугов: „Дали вештачката интелигенција ќе стане сериозно поскапа од ова што го гледаме во овој момент?“
Филип Петровски: „Ако не се подготвиме и немаме сопствени капацитети, сопствени дата центри, сопствена интелигенција во тие дата центри и можности да се развиваме, ние ќе зависиме од бројчаникот и калкулаторот на некој во Америка. Ако направиме и нешто свое или изградиме регионално некакви капацитети каде што ќе можеме да продолжиме да градиме некаква локална интелигенција, мислам дека нема да имаме проблем. Меѓутоа, дали ќе се зголемат цените, би кажал, моето очекување е да, освен доколку не се смени нешто технолошки, па да цената на целокупното користење опадне и да добиеме многу поефикасни машини коишто ќе можат да го обработат целото ова побарување.“
Аналитика








