ПОВЕЌЕ

    Компанијата на милијардерот Џеф Безос ќе гради вселенска станица заедно со „Боинг”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Компанијата „Блу Ориџин”, сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека планира да развие комерцијална вселенска станица што ја нарече „Орбитален гребен”, во која ќе учествува и американската компанија „Боинг”.

    Во соопштението од компанијата се наведува дека целта е орбиталната станица да се лансира во втората половина на оваа деценија.

    Британските медиуми јавуваат дека партнер во овој проект ќе биде „Sierra Space, кој е дел од Sierra Nevada Corp., а ќе биде поддржан од Redwire Space, Genesis Engineering Solutions и Државниот универзитет во Аризона.

    Вселенската станица „Орбитален гребен” ќе се користи како „деловен парк со различна намена”, а проектот планира да обезбеди инфраструктура потребна за зајакнување на економската активност и отворање на нови пазари во вселената, соопштија „Blue Origin” и „Sierra Space”.

    „Искусни вселенски агенции, високотехнолошки конзорциуми, суверени држави без вселенски програми, медиуми и туристички компании, претприемачи, спонзорирани пронаоѓачи и инвеститори кои размислуваат за иднината – сите имаат место на Орбиталниот гребен”, се наведува во соопштението на компанијата.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично