ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка нема да работи на 3 август, трансакциите достапни преку дигиталните канали

    Време зa читање: < 1 минутa

    Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје денеска, 3 август, нема да работат поради одбележувањето на празникот Илинден, информираат од Банката.

    Клиентите што имаат потреба од подигнување или уплата на готовина ќе можат да ги користат банкоматите на Комерцијална банка.

    За останатите финансиски трансакции на располагање се веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

    За корисниците на платежни картички, 24 часа дневно е достапна дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија во Скопје.

    Достапни се и дигиталните делови од експозитурите во ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија.

    Дигиталните делови од филијалите и експозитурите се достапни и во Кочани, Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и во експозитурата Тетово Илинденска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично