
Може ли податочен (дата) центар да добие вода на сметка на населението? Филип Иванов, експерт за заштита на животната средина и контрола на индустриското загадување, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ е категоричен: според Законот за води, водоснабдувањето на населението е прв приоритет. Доколку податочен центар стане конкурент на граѓаните за водата, според него, законска дилема нема. Граѓаните ја имаат апсолутната предност. Но, предизвикот е да се обезбедат инженерски решенија што ќе овозможат работа на центарот без загрозување на водоснабдувањето на населението.
Филип Иванов: „Апсолутно. Еве би дополнил. Законот за води точно ја дефинира намената на водата и ги дефинира приоритетите. Прв приоритет е водоснабдување на населението. Тука нема пардон. Ако дојде дата центарот да биде конкурент на населението, согласно Законот, дилема нема.“
Аналитика








