ПОВЕЌЕ

    Зошто пропаднал договор за 500 евра минимална плата? Слободан Трендафилов од ССМ во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Можност за минимална плата од 500 евра постоела и тоа како резултат на договор меѓу ССМ и работодавачите. Предлогот вклучувал олеснувања за компаниите, со цел да се избегне финансиски шок. Сепак, и покрај постигнатиот договор, процесот не бил реализиран. Според синдикатот, со тоа изгубиле и работниците и буџетот. Наместо компромис кој бил договорен и со Владата, останале блокирани преговорите и се зголемила недовербата. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, открива како пропаднала оваа иницијатива.

    „Ако не одбиеше минатата година Владата оно што го договоривме со работодавачите, владата изгуби помеѓу 5 и 18% по основ на ДДВ за тоа зголемување на работничките плати, кое ќе го вратевме повторно во буџетот. Владата изгуби во месец јануари близу 10 милиони евра за оние 200 и нешто илјади работници, кои директно ќе добиеја усогласување на минималните плати за некои шест илјади денари за кои ќе требаше да бидат плаќани придонеси за социјално осигурување или оваа година 120 милиони евра.

    Добро, тоа се вашите пресметки. Мислите дека не ги направиле во Владата…

    Не, они ги направиле, но суети се во прашање.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично