ПОВЕЌЕ

    „Жито-Лукс“ со план за нови производи, модернизација и поголема бруто-добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Нови видови леб и подобрување на технолошкиoт процес за постојните производи може да се очекуваат од скопски „Жито-Лукс“, преку модернизација на производството и зајакнување на капацитетите, во што ќе бидат вложени 1,14 милиони евра.

    Амбиција на компанијата е да ги подобри ефектите од работењето и да оствари бруто-добивка зголемена за 20 проценти. Планот вклучува и остварување на оперативен профит од 30 милиони денари, односно 491,1 илјада евра.

    Од продажбата на своите производи „Жито-Лукс“ годинава планира да оствари приход од 1.241.524 илјади денари или 20,3 милиони евра и да ги надмине ланските 20,1 милион евра (1.231.375 илјади денари). И бруто добивката треба да е повисока, зацртани се 362.073 илјади денари, односно 5,9 милиони евра, наспроти претходните 4,9 милиони евра (302.310 илјади денари). Сепак, предвидената добивка пред оданочување е 87,8 илјади евра, и би требало да е пониска од минатогодишниот износ – 119,4 илјади евра.

    Во планираниот биланс на успех е проектирано е трошоците на продажба од 14,3 милиони евра  (879.450 илјади денари), исто така да се помали од оние во 2022, кога изнесувале 15,2 милиони евра (929.065 илјади денари).

    Оперативни трошоци ќе бидат повисоки и ќе достигнат 5,3 милиони евра. Резултатите од оперативните активности се зацртани на 487,6 илјади евра, нето финансиските трошоци 399,7 илјади евра.

    Предвидувањата, појаснуваат од компанијата која повеќе од седум децении опстојува на пазарот, се направени врз основа на макроекономското опкружување и неговото влијание врз нивното работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично