ПОВЕЌЕ

    Зголемените приходи му донесоа профит на „Жито Полог“

    Време зa читање: 2 минути

    Позитивни се финансиските резултати на тетовски „Жито Полог“ од одработеното во текот на минатата година. Приходите, пред сѐ, од продажбата на сопствените производи, се зголемени. А, добивката пред оданочување е во износ од 11.055 илјади денари или 180 илјади евра. Што е голема разлика во споредба со загубата од претходната 2023 година.

    Мелничко-пекарската компанија лани остварила вкупни приливи од 296.887 илјади денари, односно 4,8 милиони евра, повисоки за 24 проценти. Во нивната структура, со сериозни 99 отсто доминираат приходите реализирани од продажбата на производи и услуги. Во овој дел е забележано 25-процентно зголемување.

    Во финансискиот извештај на „Жито Полог“ е наведено дека за 14 насто се зголемени и расходите, кои достигнуваат 277.606 илјади денари (4,5 милиони евра).

    Вкупните инвестициии, пак, во 2024 година изнесувале 2.128 илјади денари (34,6 илјади евра).

    А, обрските кои произлегуваат од кредитното задолжување се намалени за 12 отсто.

    „Друштвото прави напори за подобрување на финасиските резултати и одржување на ликвидноста. Во наредниот период ќе бидат преземени активности со цел изнаоѓање нови пазари, подобрување на квалитетот и асортиманот на производите“, наведуваат од компанијата, која од пред една година е во целосна сопственост на „Орка Холдинг“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично