ПОВЕЌЕ

    Започна со работа најсовремениот Дом за стари лица во регионот – ПУСЗ Оаза by Adora

    Време зa читање: 3 минути

    Лоциран во Општина Илинден, Приватна установа за вон-семејна социјална заштита за стари лица ОАЗА  претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет од 150 корисници, а во прва фаза се започнува со 64 корисници. Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.

    Во состав на „ПУСЗ ОАЗА“ функционира сопствена амбуланта „Оаза Медика“, амбулантно возило, најсовремено опремена сала за физикална терапија, фризерско студио, како и „Оаза“ кафе-бар — простор за дружење на корисниците, посетителите и нивните семејства. Дел од комплексот е и „Парк Оаза“, уреден зелен простор за прошетки, рекреација и социјални активности. Со овој интегриран и современ пристап, „ПУСЗ ОАЗА“ поставува нови стандарди во регионот и претставува пример за европски модел на грижа, кој обезбедува безбедна, топла и достоинствена средина за живот на повозрасните лица.

    Комплексот е проектиран како самостоен и енергетски ефикасен објект, со современи системи и соларни панели, развиен според европски концепти и искуства стекнати преку посети на установи во Италија и Швајцарија. Во рамки на комплексот, кој се простира на околу 8.000 m², над 3.000 m² се зелени површини, создавајќи мирна и пријатна средина за живот, движење и социјализација.

    Сместувачките капацитети и негата се целосно прилагодени за корисници со различен степен на зависност и здравствени состојби, со можност за краткотраен и долготраен престој. Воедно, предвиден е и посебен оддел за лица со деменција, каде се обезбедува специјализирана нега и поддршка преку терапевтска средина наменета за сетилна стимулација и релаксација, која вклучува музикотерапија, ароматерапија и техники за поттикнување на спомени преку познати звуци и мириси.

    „ПУСЗ ОАЗА“ е проект на Адора Бизнис Групација, компанија која 24 години успешно делува во државата и регионот, а со овој проект ја заокружува својата работа со силна социјална и хумана димензија. Со инвестиција од околу 8 милиони евра, „ПУСЗ ОАЗА“ не се гледа како класичен бизнис проект, туку како искрен придонес и враќање кон заедницата, современ дом создаден со цел да обезбеди достоинствена грижа, сигурност и подобар квалитет на живот за повозрасните лица.

    Престојот во „Оаза“ носи сигурност и спокој за семејствата, со уверување дека нивните најблиски ќе ја добијат најдобрата можна грижа, внимание и целосна поддршка во секојдневниот живот.

    Видео презентација од објектот: https://youtu.be/tvfaCshJ6Sk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично