ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: ЗАКАНИ ЗА ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА ССК по „ЦРНИОТ ЧЕТВРТОК“ на Македонска берза се врати оптимизмот, додека се „топи“ богатство на најмоќните руски тајкуни, светот крои санкциите кон Русија..

    Време зa читање: 5 минути

    ,,Биди паметна дај си отказ, ако не ќе ве масакрираме”. Вакви зборови во заканувачка порака која претходела на опожарениот автомобил стигнувале до извршната директорка на Сојузот на стопански комори (ССК), Христина Стојановиќ. Пораката содржела и рок до кога директорката требало да даде отказ или ќе се соочи со последици.

    Раководството на ССК денеска алмарираше дека е под сериозен притисок и закани по живот. Кормилото во бизнис комората по изборот на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје го презеде угледниот бизнисмен, Трајан Ангелоски. Тој вели дека освен што бил запален автомобилот на извршната директорка, добивале и писма и јавувања со смртни закани за нив и за нивниот имот.

    – Втор месец добивам закани кои на никој начин не се испровоцирани, а кои изминатите денови беа експлицитно извршени врз извршната директорка. Изминатата ноќ во 1.30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е..продолжи да читаш на линкот: http://pari.com.mk/zakani-za-prvite-luge-na-ssk-bidi-pamet/

    Македонска берза повторно зазелени..

    Се врати оптимизмот на Македонска берза. По вчерашниот „ЦРН ЧЕТВРТОК“, каде берзанскиот индекс МБИ 10 на крајот на тргувањето забележа голем пад од дури минус 8,65 отсто во однос на претходниот ден, спуштајќи се на вредноста од 5.627,16 поени, што е најниско ниво уште од 21 септември минатата година.

    Во црвено беше вредноста на сите десет најтргувани акции, при што загубата изнесуваше од минус 3,41 отсто кај Макстил, до 11,48 отсто кај Макошпед Скопје.

    Загуби претрпеа и:

    • Комерцијална банка 9,99 отсто
    • Алкалоид 9,51 отсто
    • Макпетрол  10 отсто,
    • НЛБ Банка 7,42 отсто,
    • Стопанска банка Скопје 9,47 отсто,
    • Гранит 9,97 отсто,
    • Стопанска банка Битола  8,89 отсто.

     

    Сепак денеска, истиот тој берзански индекс МБИ 10 се зголеми за 4,3 проценти на крајот на тргувањето. Сите акции кои го креираат, а и останатите хартии од вредност се во зелено.

    Дел од акциите пораснаа денеска и успеаа да ја повратат вредноста што ја изгубија вчера, но дел не ја надоместија загубата.

    Макстил поврати 9,22 отсто од вчерашната загуба, и денеска заврши со просечна цена на акцијата од 96,00 денари. Комерцијална банка порасна за 8,64 отсто и просечната цена на акцијата сега изнесува 12 148,85 денари. ТТК банка светна во зелено за 6,38 отсто со просечна цена од 1393,55 денари, додека НЛБ Банка порасна за 5,35 отсто каде просечната цена сега изнесува 27 797,27 денари. Макпетрол од минус 10, успеа да порасне само 0,87 отсто..

    РУСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ ИЗГУБИЈА 32 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО УКРАИНА

    Руските милијардери изгубиле вкупно 32 милијарди долари од почетокот на годината, според пресметките на Блумберг. Нивното богатство – кое главно сочинуваат сопственички удели во гигантските руски фирми за стоки – падна во услови на невидена нестабилност на пазарот, бидејќи украинската криза продолжува да ескалира.

    Западните влади во вторникот воведоа санкции против Русија, вклучително и суспендирање на гасоводот Северен тек 2, блокирање на тргувањето со државни обврзници и издавање повеќе замрзнувања на средства и забрани за патување на највисоките олигарси. Продолжи со читање на линкот http://pari.com.mk/ruskite-milijarderi-izgubija-32-milijardi-dolari-vo-ukraina/

    Прочитај и:

    ЗАПАДОТ ЈА ПОГОДИ РУСИЈА СО ОГРОМНИ САНКЦИИ, но без да ги преземе најстрогите мерки

    Падот на руските акции збриша богатство на акционерите од 189 милијарди долари

    Како санкциите кон Русија ќе се одразат врз стабилноста на американскиот и светски банкарски систем

    ШТО Е SWIFT и како ќе влијае исфрлањето на Русија од банкарскиот систем

    Банката на Русија ги спроведува првите итни мерки откако рубљата потона

    Комерцијална банка ќе дели дивиденда, еве колку ќе добијат акционерите

    УШТЕ ЕДНА БАНКА РУШИ РЕКОРДИ: НЛБ Групацијата со добивка од 236,4 милиони евра лани

    Време е за продажба или за купување на акции откако берзите забележаа невиден пад?

    Казахстан им ја поскапи струјата, па 30% од рударите на крипто веќе се ислелиле

    Основната добивка на Дојче Телеком, приходите ги надминаа проценките

    Возилата на „Грин Машинс“ од Велес ќе се грижат за уреден и чист Сан Диего

    Ефектот на мултитаскингот во работењето

    Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично