ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ќе дели дивиденда, еве колку ќе добијат акционерите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка ќе дели дивиденда од добивката во 2021 година. Предлог одлуката е доставена до Македонска берза, а акционерите ќе може да се произнесат за предлог одлуката на Годишното акционерско собрание закажано за 30 март во 12 часот.

    Согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2021 година, донесена на седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 23.02.2022 година, предложениот износ на дивиденда за 1 обична акција изнесува 620,00 денари, односно 62% во однос на нивната номинална вредност од 1.000,00 денари.

    Се предлага следниот дивиденден календар:

    Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2021 година е 12.04.2022 година.

    Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2021 година е 13.04.2022 година.

    Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2021 година е 14.04.2022 година.

    Исплатата на дивиденда за 2021 година ќе започне на 27.04.2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично