ПОВЕЌЕ

    Банката на Русија ги спроведува првите итни мерки откако рубљата потона

    Време зa читање: < 1 минутa

    Банката на Русија ги откри своите први итни мерки во обид да го стабилизира финансискиот пазар откако претседателот Владимир Путин нареди напад на Украина.

    Централната банка соопшти дека ќе интервенира на девизниот пазар за прв пат по неколку години и ќе ја прошири својата ломбардна листа на хартии од вредност прифатени како обезбедување, се вели во соопштението. Регулаторот не спомна за зголемување на каматните стапки, но рече дека ќе обезбеди дополнителна ликвидност на банките со нудење 1 трилион рубљи (11,5 милијарди долари) на репо-аукција преку ноќ.

    Путин претходно во четвртокот им нареди на руските сили да нападнат цели низ Украина во операцијата за демилитаризација на земјата, што предизвика рубљата да падне на рекордно ниско ниво во однос на доларот. Гувернерката на Банката на Русија, Елвира Набиулина, веќе ги зголеми стапките за 525 базични поени од март, во обид да ја спречи инфлацијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично