Платени се 81,5 илјади евра за акции на „Реплек“. Познат купувач инветирал купувајќи 358 обични акции и со тоа во сопственост стекнал 0,14 проценти од основната главнина на фармацевтската компанија.
Информацијата за реализираната блок-трансакција е објавена на Македонска берза. Според наведените податоци, цената за акција е 14 илјади денари. А, вредноста на трансакцијата е 5.012.000 денари. Номиналниот износ е 56,242 евра.
Цената за акција од овој блок е пониска од просечната постигната на крајот од минатата недела -14.972,88 денари, кога биле истргувани 50 акции, а прометот изнесувал 748.640 денари.