ТТК Банка ја зголеми основната главнина за 41,9 милиони денари преку петтата емисија на акции. Издадени се 41.918 обични акции со номинална вредност од илјада денари. Акционерскиот капитал сега изнесува 1,075 милијарди денари, односно околу 17,5 милиони евра.
Зголемувањето е реализирано со средства на Банката преку приватна понуда, а промените се веќе запишани во Централниот регистар и во Централниот депозитар за хартии од вредност.
На почетокот од мај за новата емисија ТТК Банка доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност, а потоа и решение од Народната банка за промени на Статутот. За реализираната активност Банката ја информира инвеститорската јавност преку Македонска берза.
„Во согласност со Решението на Народната банка на РСМ за издавање претходна согласност за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје од 15.06.2026 година, извршено е зголемување на основната главнина со средства на Банката со издавање на 41.918 обични акции, по пат на приватна понуда од V (петта) емисија на акции.
Зголемувањето на основната главнина на Банката е запишано во Централниот регистар на РСМ на ден 23.06.2026 година, а на ден 25.06.2026 година извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
По запишувањето на новата емисија на акции, основната главнина на ТТК Банка АД Скопје изнесува 1.075.091.000 денари и таа е поделена на 1.075.091 обични акции, секоја со номинална вредност од 1.000 денари“, наведено е во објавата на ТТК Банка.
Аналитика








