Органското производство е во тренд – во 2025 година обработливите површини се зголемиле за 24,6 насто, сточниот фонд е збогатен, а подобри движења се забележани во областа на житните култури и производството на мед.
Со органско земјоделско производство, според податоците од Државниот завод за статистика, лани се занимавале 931 производител, додека вкупната обработлива површина изнесувала 5.145 хектари. Од нив, 3.243 хектари се веќе целосно органски, а 1.902 хектари се во фаза на преод кон органско производство.
Во структурата на растителното органско производство доминираат житните култури, кои заземаат 2.444 хектари, односно 47,5 отсто од вкупната површина. Потоа следуваат фуражните култури со 1.000 хектари, овошките со 787 хектари, индустриските култури со 444 хектари, угарот со 269 хектари, лозовите насади со 124 хектари и зеленчукот со 77 хектари.
Во споредба со 2024 година, најголем раст е забележан кај житните култури, каде што површините се зголемени за 31,3 насто. Раст има и кај фуражните култури, овошките, индустриските култури и угарот. Од друга страна, значителен пад има кај зеленчукот (- 49 %) и лозарството (- 43,1 %).

Вкупниот број на органски говеда, овци и кози изнесува 132.763 грла, од кои 66.523 се органски, а 66.240 се во преод. Најголем дел од сточниот фонд отпаѓа на овците со 118.138 грла, додека говедата учествуваат со 9.546 грла, а козите со 5.079 грла.
Во однос на 2024 година бројот на органски говеда е зголемен за 1,1 насто, овците за 9,4 насто, а козите за 0,3 насто.

Во текот на минатата година произведени биле 69.658 килограми орргански мед, за 13,1 насто повеќе отколку во 2024 година. Сепак, бројот на пчелни семејства е намален за 2,6 отсто.
(Фото: Magnific)
Аналитика








