ПОВЕЌЕ

    Без берзанско тргување сопственик смениле 6.363 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Во текот на минатата недела преку 17 нетрговски трансфери биле пренесени 6.363 акции. Станува збор за подароци, наследувања и други законски дозволени намени, без берзанско тргување. Речиси сите се обични акции, издадени од 14 компании котирани на Македонската берза, а најмногу акции – 1.940 биле процесуирани во петокот.

    Три преноси се реализирани со вкупно 347 акции на Комерцијална банка: понеделник со 163, вторник 20 и среда со 164 обични акции. Најтргуваната акција ја заокружила минатата недела со просечна цена од 26.325,87 денари.

    Два трансфери се во знакот на Макпетрол: во вторник биле регистрирани 10, а во четврток 4 обични акции. Нивната просечна вредност е 112.500 денари.

    Во минатонеделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се забележани четири нетрговски трансфери со повеќе од илјада акции.

    Најголемиот пренос на сопственоста без берзанско тргување е извршен со акции на Макстил – 1.429 на број. Според последното берзанско тргување на 25 јуни, просечната цена на акцијата изнесува 122 денари.

    Втор по големина нетрговски трансфер е на Оилко КДА со 1.330 обични акции. Во изминатите 52 недели имало едно берзанско тргување со акциите на командитното друштво, чиј просек е 6.000 денари.

    Трансферирани се и 1.284 обични акции на Гранит. Градежната акција има просечна вредност од  1.506,69 денари.

    Пренос на сопственоста е направен и кај 1.130 акции на Македонски Телеком. Просечната цена е 499,91 денар за акција.

    Со по неколку стотини акции се три трансфери: Алкалоид со 318 обични акции, РЖ Услуги со 197 и Реплек со 100 акции.

    Пренос има и на 69 акции од Уготур, на 64 од РЖ Интер-Трансшпед, 26 на РЖ Техничка контрола  и 23 на РЖ Економика.

    Единствените приоритетни акции што минатата седмица го сменија сопственикот преку нетрговски трансфер се евидентираните 32 на Стопанска банка Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично