Британец, сопственик на едрилица тврди дека се гледал со одмаздољубивиот кит убиец Белата Гладис во очи додека таа се обидувала да ја потопи неговата јахта – но тврди дека сега знае зошто таа напаѓа чамци. Иан Хамилтон уживал во мирните води додека пловел покрај брегот на Гибралтар кога видел перка во водата и почувствувал ненадеен удар одзади.
Искусниот морепловец бил девет дена оддалечен од неговата дестинација во Барселона, кога забележал дека неговата јахта од 50 метри ја брка група китови убијци, а потоа почувствувал силен удар во страната на бродот, кој речиси го исфрлил во вода. Друг едриличар, Шпанец, за медиумите раскажа како бил нападнат од истото јато, кое му го искршило кормилото и направило дупка во коритото на бродот.
Орките, кои се загрозен вид и се дел од фамилијата на делфини, можат да пораснат до осум метри и тежат до шест тони.
Постои растечка загриженост дека агресивните орки навидум се учат една со друга како да потонуваат чамци во Медитеранот, бидејќи британскиот пар беше нападнат претходно овој месец Извештаите за агресивни орки кои се обидуваат да потонат бродови навидум почнаа да стануваат почести околу почетокот на 2020 година, предупредува студијата објавена во списанието Marine Mammal Science. Студијата наведе како нападите генерално се насочени кон едрени чамци и следат јасна шема.
Белата Гледис, како што една женка кит убиец ја нарекле научниците што го проучуваат животот на овие морски цицачи, би можела да стои зад феноменот во кој орките напаѓаат чамци, пишуваат британски и шпански медиуми. Женката можеби била бремена кога го започнала „востанието“, сметаат научниците кои го истражуваат феноменот на напади врз рибарски бродови крај брегот на Шпанија и Португалија од страна на јато орки, предводени од Белата Гледис. Откако групата на Белата Гледис почнала да „оперира“, се зголемил и бројот на нападите извршени од страна на китови-убијци врз пловила во тој дел на Атлантикот.
Бремената женка-орка почнала да се забива во чамци и помали бротчиња во близина на брегот на Шпанија и Португалија од летото 2020 година, па дури и го носела новороденото теле со себе на овие терористички експедиции. Меѓу китовите убијци често владее матријархат, па научниците сметаат дека Белата Гледис иницирала поход против пловечките објекти во пределот каде најчесто престојувало нејзиното јато.
Таканареченото „востание на орките“, за кое се верува дека е поттикнато од Вајт Гладис, било документирано од очевидци, кои снимиле како групата на озлогласената женка удира и кружи по бродовите пред да ги оттргне нивните кормила. Научниците откриле дека Белата Гледис и по бременоста, во 2021 година продолжила со своите деструктивни потфати, носејќи го и нејзиното младенче заедно со себе.
Коментирајќи за нејзиното однесување Моника Гонзалес, морски биолог од Координаторот за проучување на морски цицачи, вели дека се работи за невообичаено однесување на орка – кит, бидејќи овие животни обично се грижат за новородените најмалку две години по нивното раѓање, обезбедувајќи им безбедност и храна додека не научат како да ловат.
Според Роберт Питман, морски биолог од Институтот за морски цицачи на Државниот универзитет во Орегон, женките на орка имаат во просек по пет младенчиња во текот на нивниот живот и се жестоко заштитнички настроени кон секое, што ги наведе експертите да веруваат дека „се случило нешто лошо“ со цицачот и дека Гладис можеби наишол на трауматичен настан со едрилица.
Точниот мотив на нејзините напади останува непознат, но нејзиното чудно однесување поттикна теории од експерти – најзастапена е што таа можеби постапува како одговор на трауматичен настан. Алфредо Лопез Фернандез, биолог на Универзитетот во Авеиро во Португалија, кој е претставник на работната група Атлантик Орка, изјави за LiveScience: „Трауматизираната орка е таа што го започна ова однесување на физички контакт со чамецот“, изјави биологот за LiveScience.
Се чини дека Белата Гладис стана пионер за другите разбеснети орки, бидејќи Работната група на Атлантик Орка забележа 298% зголемување на интеракциите на орка-чамци од 2020 до 2023 година. Истражувачите мислат дека другите орки ја имитираат Белата Гладис, што не би било невообичаено за китовите убијци бидејќи тие се многу интелигентни и друштвени животни.
Како резултат на тоа, во последните неколку години, три чамци беа превртени како резултат на средби со орки и повеќе од 100 беа оштетени.
Аналитика








